Loading Video...
Кошарка
24. December 2020 - 16:19
Четврта победа во низа на Жалгирис
Со кошот на Мариус Григонис на 6.десетинки до крајот, екипата на Жалгирис го победи Минхенски Баерн со 74-73 во натпревар од 16.коло на Евролиогата.
Токму стрелецот на победничкиот кош, со вкупно 22 поени беше и најефикасниот играч во литванската екипа за која победата над Баерн е четврта во низа со што тимот на Жалгирис се проби на осмото место на табелата.
Фенербахче пак конечно ја прекина низата на порази. По трите врзани неуспеси томот од Истанбул славеше против Олимпијакос со 84-77.
На другите два натпревари со кои беше комплетирано ова коло, Басконија славеше на гостувањето кај Милано со 84-79, а Валенсија на домашен терен го победи Химки со 88-82.
Следната рунда натпревари во Евролигата на програмата е во вторник и среда, по што ќе следи новогодишната пауза.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
