Четврта победа на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром ја совлада вечерва црногорска Подгорица со 78-74 (39-29) во рамки на шестото коло во регионалната АБА 2 лига.
Кошаркарите на МЗТ Скопје имаа висока предност од 14 поени (52-38) на средина од третата четвртина, по што уследи криза во играта на македонскиот шампион, а Подгорица во завршните минути од натпреварот во Широки Брег дојде и до израмнување на резултатот (68-68).
Сепак, МЗТ Скопје не му дозволи на црногорскиот противник целосен резултатски пресврт и предводен од Војдан Стојановски (24 поени) и Душан Танасковиќ (20 поени) ја забележа четвртата победа со која во моментов е петтопласиран на табелата.
Настапот во рамки на третиот „балон“ во АБА 2 лигата кој се игра во Широки Брег кошаркарите на МЗТ Скопје ќе го заокружат в петок против Суботица со почеток во 18 часот.
Ново на Сител
-

Приведени седум лица за обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје
-

Анализа: Платите на директорите на најголемите фирми во светот лани растеле 20 пати побрзо од платите на работниците
-

Претрес во скопско, пронајдена дрога, приведено едно лице | ФОТО
-

ЛЕ: Гол предност за Нотингем Форест и Брага
-

Сиљановска-Давкова: Да градиме општество во кое трудот се цени и вреднува, а социјално-економските права се остваруваат
-

Американските власти објавија видеоснимка од нападот на гала-вечерата со Трамп во Вашингтон
-

Приведен прилепчанец за измама од над 88.000 евра – лажно ветувал лекување во странство
-

Возило излетало од автопатот Скопје–Велес, шест лица извлечени без животна опасност
