Четврта победа на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром ја совлада вечерва црногорска Подгорица со 78-74 (39-29) во рамки на шестото коло во регионалната АБА 2 лига.
Кошаркарите на МЗТ Скопје имаа висока предност од 14 поени (52-38) на средина од третата четвртина, по што уследи криза во играта на македонскиот шампион, а Подгорица во завршните минути од натпреварот во Широки Брег дојде и до израмнување на резултатот (68-68).
Сепак, МЗТ Скопје не му дозволи на црногорскиот противник целосен резултатски пресврт и предводен од Војдан Стојановски (24 поени) и Душан Танасковиќ (20 поени) ја забележа четвртата победа со која во моментов е петтопласиран на табелата.
Настапот во рамки на третиот „балон“ во АБА 2 лигата кој се игра во Широки Брег кошаркарите на МЗТ Скопје ќе го заокружат в петок против Суботица со почеток во 18 часот.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Успехот на една стратегија не се мери по бројот на страници што ги содржи, туку по бројот на животи што ќе ги подобри
-

Светски ден на бегалците: УНХЦР апелира на поголема солидарност кај помладите генерации во однос на бегалците
-

Безос: Вештачката интелигенција ќе отвори нови можности наместо да ги укине работните места
-

Четворица израелски војници убиени во Либан, министерот Бен-Гвир порача „целиот Либан треба да гори“
-

Пронајдени неексплодирани гранати во две битолски села
-

Почина Љупчо Грнчиштанов, инспектор обвинет во случајот „Пулс“
-

Топло време за викендот, од понеделник услови за дожд
-

Алиу: Владата ја усвои информацијата за формирање центар за итна медицинска помош во Скопје со цел поефикасен итен медицински одговор
