Loading Video...
Фудбал
11. August 2021 - 12:14
Челзи и Виљареал во дуел за трофејот во УЕФА Супер купот
Иако оддамна се играат натпреварите во трите европски фудбалски клупски натпреварувања, сепек со дуелот во УЕФА Супер Купот некако официјално се означува стартот на новата сезона.
Вечерва во Белфаст на стадионот „Виндзор Парк“, екипите на Челзи и Виљареал ќе се борат за првиот трофеј.
Актуелниот освојувач на Лигата на шампионите англискиот челзи протов победникот во Лигата на Европа, шпанкиот тим Виљареал ќе играат за трофејот во Супер купот,
За сините од Лондон ова е петто финале на Супер купот во кој на последните три беа поразени од Ливерпул, Баерн и Атлетико Мадрид (на пенали), а единствениот трофеј го освоија пред 23 години совладувајќи го мадридски Реал (1998 година) .
Виљареал пак за прв пат атакува на трофејот, но иако англиската екипа важи за фаворит, сепак ако се земе во предвид ефектот на Унаи Емери ја тренерот на Виљареал, од дури 10 трофеи во 11-те финали натпревари, тогаш и „жолтата подморница“ има на што да се надева.
„Играме против европскиот првак и најдобрата екипа во овој момент. Овој Челзи е многу посилен од оној против кој во 2019 година играв со Арсенал во финалето на Лига Европа. Задоволство е да се натпреваруваме против ваков тим“, изјави на прес конференцијата Емери, префрлајќи ја фаворитската улога кај лондонскиот тим.
Доколку Чалзи ја потврди улогата и го освои пехарот, ќе се вброи десетте најтрофејни екипи во Европа.
Ќе биде ли така останува да видиме по мечот чиј почеток е закажан за 21 часот.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
