Цените на нафтата минатата недела нагло се намалија по прекинот на огнот меѓу Израел и Иран

Цената на нафтата на светските берзи минатата недека се намалија за повеќе од 11 проценти, бидејќи стивнаа стравувањата од прекин на снабдувањето со нафта од Блискиот Исток откако беше постигнат договор за примирје меѓу Израел и Иран.
Цената на барел на лондонската берза минатата недела потона за 12 проценти, на 67,77 долари, додека на американскиот пазар, барелот падна за 11,3 проценти, на 65,52 долари.
Цените на нафтата нагло паднаа на почетокот на минатата недела, кога беше постигнат договор меѓу Израел и Иран за прекин на огнот. Така, стивнаа стравувањата од прекин на испораките на нафта од Блискиот Исток и затворање на сообраќајот низ Ормутскиот теснец, низ кој дневно минуваат помеѓу 18 и 19 милиони барели сурова нафта и гориво за клиенти од целиот свет.
-Објавувањето на примирјето ја „избриша“ премијата за геополитички ризик од цените на нафтата, вели Оле Хвалбие од SEB.
Благодарение на тоа, цените на нафтата се спуштија на речиси исто ниво како и пред почетокот на израелско-иранската војна.
Ново на Сител
-

Иран, првпат по примирјето, ги нападна ОАЕ
-

Зголемување на цените на нафтата по нападот во ОАЕ
-

Три германски партии го напуштија Икс, тврдејќи дека шири пропаганда и дезинформации
-

Македонските кикбоксери блеснаа во Вараждин: 15 медали на ВАКО Европскиот куп и 4 медали на купот за почетници
-

Пожар во индустриска зона во ОАЕ по напад со дрон од иранско производство
-

Сиљановска-Давкова на панел со Макрон и Мелони: Европската интеграција на Западен Балкан е предуслов за ефикасна борба против трговијата со дрога
-

Муцунски: Во тек разговори со земји членки на ЕУ за летните гранични метежи
-

Владата ја почна кампањата „Мај - месец на Европа“ во соработка со европските партнери
