Цената на нафтата „Брент“ надмина 100 долари

Цените на енергенсите на европскиот и светскиот пазар продолжуваат да растат и цената на суровата нафта од типот „Брент“ ја премина границата од 100 долари за барел, додека европскиот природен гас повторно се приближи до нивото од 80 евра за мегават-час.
Цената на нафтата „Брент“ на светските берзи порасна на 100,74 долари за барел, поддржана од загриженоста околу глобалното снабдување со енергенси и геополитичките тензии, а цената на американската WTI нафта (West Texas Intermediate) моментално се движи во опсег од 95,50 до 96,10 долари за барел за фјучерс договорите. Спот-цената на WTI нафтата на берзанскиот пазар се тргува на ниво од околу 93,60 до 95,40 долари за барел.
Европските берзански индекси бележат пад. Фјучерсите на европскиот природен гас на амстердамскиот TTF пазар денеска се движеа во опсег од 78 до 80 евра за мегават-час. Според податоците од порталот Инвестинг, цената на TTF фјучерсите достигна 80,00 евра за мегават-час.
Растот на цените на енергенсите изврши притисок врз европските пазари на акции. Забележан е пад на водечките индекси, при што паневропскиот индекс STOXX 600 падна за околу 0,7 проценти, а слични корекции и пад на вредноста беа забележани и на клучните берзи во Франкфурт (DAX) и Париз (CAC 40).
Вредноста на еврото во однос на доларот на валутниот пазар изнесува 1,1639 долари. Цената на златото изнесува 4.459,26 долари за трој-унца, со благ дневен пад од 0,03 проценти, според податоците за фјучерсите на порталот Инвестинг. Цената на пченицата на светските берзи изнесува 724,90 центи за бушел, со дневен пад од 0,53 проценти.
МИА
Ново на Сител
-

ЕЦБ се очекува да ги зголеми каматните стапки бидејќи војната во Иран ја турка инфлацијата нагоре
-

Трамп: Путин сака договор за завршување на војната во Украина
-

Мицкоски ќе присуствува на отворањето на новиот погон на „ВИК“ во ТИРЗ Прилеп
-

Конференција за регионална соработка и евроинтеграции: Во фокус парламентарниот надзор и проширувањето на ЕУ
-

Сончево и топло, попладне со услови за локален пороен дожд
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
