Целосно е реновирано одделението за трауматологија на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
По целосно реконструирање и модерно опремување, одделот за трауматологија во клиниката за хируршки болести е пуштен во употреба. Инвестицијата чини 230 000 евра а опфаќа комплетно нови електрични и водоводни инсталации, систем за греење, капацитетот на одделот е 26 кревети.
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека здравството останува во врвот на владините приоритети и најави реализација на нови развојни проекти. Тој потенцираше дека годишниот буџет за овој сектор веќе надминува една милијарда евра, со што продолжува бранот на капитални инвестиции.
Министерот за здравство најави дека ќе се реновира и оперативниот блок и ургентниот центар наклиниката.
На одделот работат 9 хирурзи трауматолози а во текот на една година во клиниката која е прва инстанца за трауматските повреди на населението во главниот град, се изведуваат 1100 операции.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
