Цела година се жалел на болки во градите: Кога докторите го прегледале, доживеале изненадување!

Хорасио Родригез (42) се жалел на болки во градите, искашлувал крв и нагло губел тежина.
Докторите прво му рекле дека има воспаление на белите дробови, му дале лекови, но го испратиле да побара друго мислење.
Претпоставувале дека во неговото срце постои нешто што не треба да е таму, па решиле да го оперираат.
Во текот на операцијата која траела седум часа, докторите се шокирале кога виделе што ја предизвикува болката. Покрај срцето пронашле цела чепкалка!

– Прво ја испумпавме крвта од неговото срце и јасно видовме чепкалка за заби! Никој од нас не можеше да поверува, никогаш досега немавме видено вакво нешто, изјавил доктор Фернандо Чичеро.
Кога Хорасио слушнал што му пронашле во срцето, се насмевнал и признал дека минатата година јадел премногу.
– Немав појма дека сум проголтал чепкалка, но тоа веројатно се случило на една слава, признал пациентот.
Ново на Сител
-

Падна фасада од станбена зграда во Козле | ФОТО
-

MATTO FOR GOOD – хуманитарен бранч по повод 5 години Matto Napoletano
-

Град Скопје: Кејот на Вардар со нови клупи и урбана опрема за подобро урбано искуство
-

Руте: Американскиот нуклеарен чадор е најголемата гаранција за слободата во Европа
-

Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија
-

Роналдо: Време е да дадеме сè за нашата земја
-

Мицкоски: Европратениците да се држат до европските вредности
-

Пицула: Власта во Србија нема политичка волја да комуницира со ЕП
