Македонија
14. April 2026 - 8:32

Царинската управа ќе одбележи 34 години од основањето

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на одбележувањето на 34-годишнината од основањето на Царинската управа на Македонија.

Како што соопштија од Царинската управа, на свеченоста што ќе се одржи во Македонска филхармонија, најавено е видео обраќање на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска и на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски.

 

МИА