Бугарскиот парламент гласаше претседателските избори да се одржат на 25 октомври

Бугарскиот парламент денеска гласаше претседателските и изборите за потпретседател на Бугарија да се одржат на 25 октомври, додека евентуалниот втор круг да се одржи на 1 ноември.
За одлуката гласаа вкупно 138 пратеници од партиите Прогресивна Бугарија, Движење за права и слободи (ДПС) и Препород, никој не беше против, додека седум пратеници од движењето „Промените продолжуваат“ се воздржаа од гласање, пренесе БТА.
Пратениците на коалицијата ГЕРБ-СДС и Демократска Бугарија не учествуваа во гласањето.
Во согласност со Уставот на Бугарија, доколку ниту еден кандидат не го освои потребниот број гласови во првиот круг, вториот круг ќе се одржи седум дена подоцна, а силите ќе ги одмерат двајцата кандидати со најголема поддршка.
Предлогот за распишување избори го поднесоа пратеници од неколку парламентарни групи, од партиите Прогресивна Бугарија, Преродба, ГЕРБ-СДС и Демократска Бугарија.
Пратеникот од Демократска Бугарија, Јордан Иванов, изјави дека датумот на изборите е одреден за владејачкото мнозинство да се обиде да спречи пад на јавната поддршка.
Тој, исто така, оцени дека не е соодветно евентуалниот втор круг да се одржи на 1 ноември, бугарскиот национален празник посветен на просветните работници и културните преродбеници, кога училиштата, културните институции и локалните самоуправи се ангажирани во прославата на празникот.
Претседателот на пратеничката група „Прогресивна Бугарија“, Петар Витанов, ги отфрли ваквите тврдења, наведувајќи дека датумот бил претходно договорен на состанокот на претседателите на пратеничките групи и дека бил поддржан од речиси сите опозициски партии, освен движењето „Промените продолжуваат“.
Според него, целта била изборите да се одржат порано, додека временските услови се поповолни, за да можат да гласаат што е можно повеќе граѓани.
МИА
Ново на Сител
-

Колони на Богородица: За влез во Грција се чека најмалку 40 минути
-

САД забранија увоз на нови модели кинески хуманоидни роботи и инвертори поради ризици за националната безбедност
-

ЦУК: Нема активни пожари, изгаснати 16-те регистрирани на отворен простор во 10 општини
-

Доктор Даниловски предупредува: Осумте случаи се само врвот на епидемијата
-

Најмалку 13 загинати во земјотресот во Јапонија, потрага по преживеани под урнатините
-

Земјотрес почувствуван во Струга и околината
-

Вимблдон 2026 со рекордна посетеност
-

ДКСК денеска ќе избира заменик-претседател
