Бубевски: Материјалните докази зборуваат на истиот јазик со кој зборуваа осомничените
Материјалните докази ги потврдуваат исказите на осомничените за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Јавниот обвинител Гаврил Бубевски не сакаше да открие многу детали за случајот, и рече дека сè ќе биде познато кога Обвинителството ќе го подготвни обвинителниот акт.
-Во однос на фактите коишто произлегуваат од целокупниот доказен материјал конечно ќе се произнесеме, нормално со обвинение. Истрагата во однос на дејствијата е таа, на тоа ниво што ви кажав минатиот пат кога имавме прес-конференција. Се испитуваат материјалните докази и можам само тоа да ви кажам, дека материјалните докази зборуваат со истиот јазик со којшто зборуваа и осомничените, вели Бубевски.
Обвинителството во моментот работи на целокупна ретроспектива на грозоморните убиства. Истражителите сега се обидуваат да откријат што довело до двојните убиства и како точно тие биле изведени.
-Ние ги имаме прибавено материјалните докази, тие се анализираат, се прави целокупна ретроспектива на сè што се случувало и сето тоа повторно ќе биде предмет на описот на обвинителен акт, вели Бубевски.
Во меѓувреме, МВР ќе ги зголеми капецитетите за видео надзор на патиштата и во градовите. Системот „Сејф сити“ во моментот го има во Скопје, Тетово и Куманово, но планот е во него да бидат интегрирани и други поголеми градови. Ова доаѓа откако видео-надзорот во Скопје одигра клучна улога во прибирање на доказите за случајот со двојното убиство.
-Во тек е процес за надградба на целиот овој систем. Надградбата ќе вклучува и автопатите низ државата и овие три града, и тука ќе се вклучат секако електронско утврдување на сообраќајните прекршоци. Секако идејата е дека ќе се проширува и треба да се проширува, пред сè во поголемите градови кадешто имаме поголема фрекфенција на луѓе, рече Спасовски.
Председателот на државата, пак, вчера во телевизиско интервју рече дека ќе деновите ќе ургира кај неговиот турски колега, Ердоган за побрза екстрадиција на првоосомничениот Љупчо Палевски – Палчо.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
