Бруклинскиот мост се запали за време на прославата на Денот на независноста

Пожар избувна на Бруклинскиот мост во Њујорк за време на градскиот огномет по повод Денот на независноста. Пламен и облак од чад се издигнаа над мостот пред пожарникарите да го изгаснат пожарот.
Американските медиуми пренесуваат дека според достапните информации од локалните служби во пожарот никој не е повреден.
Две противпожарни возила учествуваа во гаснењето на пожарот, објави градската противпожарна служба. Пожарникари околу 22 часот беа видени како го гаснат пламенот на мостот, што беше затворен за сообраќај за време на настанот.
Портпаролот на противпожарната служба изјави дека ваквите пожари не се неочекувани и токму затоа публиката се држи на безбедно растојание за време на огнометот.
Самиот настан во Њујорк започна рано поради заканата од лошо време, кое ги откажа и одложи другите прослави долж Источниот брег. Тоа го вклучува и Вашингтон, каде што бурата ги принуди властите да ги евакуираат посетителите од Националниот мол.
Ново на Сител
-

Мисајловски: Армијата се модернизира
-

Охрид привлечна дестинација за туристите
-

Продолжува подобрувањето на патната инфраструктура во Прилеп со средства од Министерството за транспорт
-

Преглед на вестите од светот
-

Сител сторија: Како изгледа новиот систем на ЦУК за рана детекција на пожари?
-

Филипче: Да ги задржиме младите дома
-

Мицкоски: Да најдеме начин како да го зголемиме гласањето на дијаспората
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на Владата
