Бруклинскиот мост се запали за време на прославата на Денот на независноста

Пожар избувна на Бруклинскиот мост во Њујорк за време на градскиот огномет по повод Денот на независноста. Пламен и облак од чад се издигнаа над мостот пред пожарникарите да го изгаснат пожарот.
Американските медиуми пренесуваат дека според достапните информации од локалните служби во пожарот никој не е повреден.
Две противпожарни возила учествуваа во гаснењето на пожарот, објави градската противпожарна служба. Пожарникари околу 22 часот беа видени како го гаснат пламенот на мостот, што беше затворен за сообраќај за време на настанот.
Портпаролот на противпожарната служба изјави дека ваквите пожари не се неочекувани и токму затоа публиката се држи на безбедно растојание за време на огнометот.
Самиот настан во Њујорк започна рано поради заканата од лошо време, кое ги откажа и одложи другите прослави долж Источниот брег. Тоа го вклучува и Вашингтон, каде што бурата ги принуди властите да ги евакуираат посетителите од Националниот мол.
Ново на Сител
-

Фајненшл тајмс: Иран размислува за напади врз американски цели во Европа во случај на понатамошна ескалација
-

Извршени 427 увиди на објекти погодени од пожарите во Грција – повеќе од половина несоодветни за употреба
-

Трамп привремено го одложи воведувањето царини од 50 отсто за одредена стока од Канада
-

Двајца турски државјани со закани присилувале гостиварци на финансиски дејствија на сопствена штета
-

Се подобрува состојбата со пожарите во Албанија
-

Без победник на првите три натпревари од последната рунда во квалификациите за Лигата на шампионите
-

Блумберг“: САД ја проверуваат лојалноста на сојузниците во НАТО
-

Вкупно 37 пожари на отворено низ државата изминатото деноноќие, три се активни
