Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се зголеми на речиси три илјади

Повеќе од 26 илјади припадници на службите за итни случаи и над 17 илјади волонтери се распоредени во погодените области.
Потрагата по преживеани е се уште во тек, иако веќе бледнеат надежите за пронаоѓање на повеќе преживеани под урнатините, откако катастрофата влегува во втората недела.
Родригез рече дека досега 6.461 лице се извлечени живи од урнатините.
По двата земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени на 24 јуни, властите регистрираа 782 последователни потреси. Иако нивната фреквенција и интензитет се намалија, официјалните лица предупредија дека ризикот од уште еден силен земјотрес не е целосно поминат.
Панамериканската здравствена организација (PAHO) предупреди дека катастрофата може да предизвика влошување на кризата во јавното здравје.
Според агенцијата, стотици илјади луѓе сè уште имаат потреба од медицинска помош. Таа апелираше за 24 милиони долари меѓународна помош за да се помогне во набавката на лекови и вакцини и стабилизирањето на здравствените услуги во најтешко погодените региони во текот на следните шест месеци.
Привремената претседателка Делси Родригез вчера прогласи седумдневна национална жалост и изрази сочувство до семејствата на жртвите. Меѓутоа, справувањето со катастрофата е под зголемена критика и надзор, при што многу Венецуелци сметаат дека одговорот на владата бил бавен и несоодветен.
МИА
Ново на Сител
-

Стевчо Јакимовски побарал одложување на затворската казна поради здравствени причини
-

Приведени 14 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без возачка дозвола
-

Изгласан законот: Тротинети ќе смеат да возат само лица над 18 години
-

Струшките пожарникари со апел за зголемена претпазливост од пожари на отворено
-

Велика Британија инвестира пет милијарди фунти во дронови и автономни системи
-

Како „Тикток“ и „Фејсбук“ го менуваат мозокот?
-

Државно финале на „Плазма - Спортските игри“: 600 млади се борат за пласман во Сплит
-

Дуња Иванова со највисок светски ранг во македонскиот велосипедизам
