Loading Video...
Кошарка
4. February 2021 - 18:51

„Братскиот“ дуел на МЗТ го добија поискусните

На домашната сцена денеска актуелно „братскиот“ кошаркарски дуел меѓу двете екипи на МЗТ Скопје Аеродром. Во заостаната натпревар од 5.коло на Првата кошаркарска лига, попладнево во СЦ Јане Сандански играа двете екипи на МЗТ Скопје Аеродром. 
 
Поискусниот тим не дозволи изненадување па забележа победа над помладиот МЗТ Уни Банка со 97 - 75. Најефикасен на натпреварот беше Бојан Крстевски кој средбата ја заврши со 19 поени, додека Феми Олуџоби постигна еден помалку . 
 
За првиот тим на МЗТ Скопје Аеродром ова беше шеста победа до деветтиот одигран натпревар, а со новите два бода аеродромци се пробија на шестото место на табелата. Вториот тим на сино-белите (МЗТ Уни Банка) останува на последното место со само една победа во десет одиграни натпревари. 
 
Во домашниот кошаркарски шампионат викендов ќе се играат натпревари од редовното коло, по што ќе следува пауза се до крајот на февруари, поради настапот на машката селекција во квалификациите за Европското првенство.