-->
-->
Бојана Скендеровски гостуваше на Прва ТВ и ја промовираше српската верзија на песната „Среќа и несреќа“
-->

Бојана Скендеровски заедно со композиторот Саша Милошевиќ Маре денеска гостуваа во живо во емисијата „150 Минути“ на Прва ТВ во Белград.
Поводот за нивното гостување беше промоцијата на нејзината најнова песна „Среќа и несреќа“ која ја има изведено и на српски јазик на регионалниот пазар.
Песната наиде на одличен прием и задоволство кај српската публика и веќе се договорени уште неколку гостувања кај најеминентните српски медиуми, а веќе на големо се врти песната и на голем број радија и ТВ кај нашиот северен сосед.
Исто така договорена е понатамошна соработка на Бојана со Маре и веќе е најавена промоција на уште една песна од истиот автор за крајот на септември оваа година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
