-->
-->
БК „Универзалци“ нов државен првак во екипен бокс
-->

Боксерскиот клуб „Универзалци“ Скопје е новиот државен првак во екипен бокс. Избраниците на ИБА тренерот Васко Цубалевски во последните 2 кола во силна конкуренција создадоа недостижна предност пред ривалите и се закитија со титулата.
Боите на „Универзалци“ во тековната сезона ги бранеа капитенот на тимот, Илхан Озмен - актуелен државен првак во категоријата до 63,5 кг, кој е и непоразен во ПРВАТА ЛИГА, , Ајхан Озмен - државен вицепрвак до 75кг и носител на сребрен медал од Светскиот куп на Нации од 2018 г. и истотака непоразен во ПРВАТА ЛИГА, Филип Ивановски - актуелен вицедржавен првак во категоријата до 67кг, како и Никола Кисковски, Стефан Цингаровски, Адам Ал-Ниами, Харитон Николовски, Мартин Симоноски, Димитар Симоноски, Кристијан Трифуновски и Милан Митревски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Неопходно е да се работи на проширување на сезоната
-

СДСМ: Мицкоски кривично да одговара за Гостивар
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
