Бизарен српски обичај кога некој ќе умре: Зошто се превртуваат столчињата во куќата на покојникот?

Ова се некои необични обичаи за кои можеби и не сте слушнале, а се применуваат ширум Србија и регионот кога некој ќе почине.
Во селата семејствата и роднините ги спроведуваат сите обичаи кои претходат на погребот. Тоа се бањање, облекување како и опелото кое неретко се прави во дворот пред заминувањето на гробиштата. Сепак, во многуте морбидни обичаи, во некои делови од регионот се практикуваат и дополнителни ритуали.
На пример, во некои делови, луѓето ги отвараат прозорите и вратите, а сите, столчиња ги превртуваат наопаку. Овој ритуал се практикува за душата на покојниот да не остане во куќата како не би ги вознемирува домашните.
Исто така кога некој ќе почине се прекриваат сите огледала, бидејќи се верува дека духот на покојниот може да влезе во огледалото, и така да остане во куќата.
Покрај ова, не само во куќата на покојниот, туку и во околните куќи се просипува водата која се смета за нечиста, се додека покојникот не се однесе на гробишта.
Ново на Сител
-

Јаневска: Комплицирано е на Филозофски
-

Се работи на долгорочно решение за плажите
-

Акција за поголемо учество на жените во локалното одлучување
-

Рециклирам значи постојам
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
