Бил Гејтс со семејството на одмор во Црна Гора

Американскиот милијардер и основач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, помина дел од летниот годишен одмор во Тиват. Гејтс, со сопругата Мелинда и нивните три деца, пристигнал во Црна Гора со нивната јахта „Лејди Ес“ на 28 јули, а ја напуштиле земјата во четвртокот.
Тие престојувале во хотелот „Регент“ во ексклузивниот наутичко-туристички центар Порто Монтрнегро, потврдиле за „Вијести“ неколку гости.
Според весникот „Побједа“, Бил Гејтс во средата посетил неколку привлечни локалитети на северот на земјата. Со оглед на тоа што тој и семејството биле опкружени со многу телохранители било невозможно да се пристапи до нив или да се фотографираат.
Гејтс, според „Форбс“, има богатство вредно 100 милијарди долари, што го прави втор најбогат човек на планетата, по основачот на „Амазон“, Џеф Безос, кој „тежи“ 153 милијарди долари.
Ново на Сител
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
