Биатлонецот Најденоски се пласира на 90. место на младинските ЗОИ во Гангвон
Првиот натпреварувачки ден на 4. Зимските младински олимписки игри во јужнокорејскиот град Гангвон ја донесе трката во биатлон на 12.5 километри на која меѓу 100 пријавени учесници настапи и македонскиот биатлонец Благоја Најденоски.
Македонскиот 18-годишен претставник ја заврши трката на 90. место, заостанувајќи 14:53,3 минути зад победникот Антонин Гај од Франција. Среброто го освои Норвежанецот Сторм Веитсле, а бронзата Маркус Скленарик од Словачка.
Претходно, денеска на олимписките борилишта во Гангвон се појави и македонската биатлонка Андријана Кајевска, која во трката на 10 километри го освои 97. место во конкуренција на 98. учеснички.
Во четиричлената македонска експедиција на „Гангвон 2024“ се и Давид Торевски и Матеа Трајковска, кои ќе настапат во крос кантри.
На Зимските младински олимписки игри во Гангвон се пријавени над 1.800 спортисти на возраст од 15 до 18 години од 80 држави.
Ново на Сител
-

Експлозивна направа фрлена кон куќа во Бардовци, предизвикала штета
-

Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка организација „Крв и чест“
-

Уапсен 20-годишник од Жировница, при претрес пронајдена прашкаста материја
-

Ангелов: Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите
-

Ѓуретановиќ го има вториот настап на ЕП на 400 метри слободно
-

Две жени загинаа во поплави и одрон во Шпанија, повредени и две бебиња
-

Се помали надежите за преживеани по земјотресот во Колумбија, бројот на жртви е околу 300
-

Рама: Протестите покажуваат нормална европска Албанија
