Македонија
26. August 2023 - 16:37

Безбедноста и интеграциите се поврзани- Безбедносна конференција во Охрид

Безбедносната ситуација се движи во сите можни насоки а внатрешните проблеми се основа на тапет на сите оние кои сакаат да ги искористат во надворешен план.Професорот Хаџи-Јанев во однос на уставните измени подвлече дека во одредени однесувања непредвидливоста е голема, но, ние треба да размислиме дали сега после 30 години инвестиција во евроатланските вредности е време да го свртиме курсот и да се запрашаме дали сакаме да останеме на тој курс.

Војната во Украина останува дополнителен притисок врз безбедносната ситуација на Западниот Балкан, сметаат добрите познавачи .

- Времето покажува дека работите на Балканот не се решаваат. Клучното прашање е зошто. Ние сме во НАТО, и Северна Македонија и Црна Гора, кандидати сме за ЕУ, а проблемите не се решаваат. Сметам дека се чека на безбедносно решение по однос нерешените територијални прашања, а дури потоа ќе се овозможи на земјите од Западен Балкан напредок во евроинтегративниот процес. На крајот сето тоа ќе зависи од исходнот на војната меѓу Русија и Украина, дали регионот ќе биде во втор или во прв план, рече професорот Тахировиќ.   

Заменик амбасадорот во Германија Ото Граф истакна дека целиот процес во кој се споменува идентитетот и историјата на една држава е тежок, но, според него со вметнувањето на бугарите во Уставот јасно ќе се знае дека тие не се македонци, дека се посебен народ.

На регионалната конференција „Улогата на НАТО во проектирањето на стабилноста на Западен Балкан“ која се одржува во Охрид се дебатира на теми од областа на безбедносната и регионалната соработка, геополитичката ситуација и како таа се имплицира врз регионот, секако и од аспект на ситуацијата околу Украина.