Безбедна е водата за пиење во Скопје

Безбедна е водата за пиење во Скопје, покажале денешните резултати од испитувањата.
Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје попладнево информираа за дневните мониторинг - активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење.
- Во текот на денов, од страна на секторот Санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, се земени 43 примероци од водоводната мрежа на град Скопје од кои три примероци се од бунарскиот потег Нерези - Лепенец и два се сирова вода од двете каптажи на изворот Рашче - соопштија од јавното претпријатие.
Како што се истакнува, согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговарале на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
МИА
Ново на Сител
-

Берлин и Москва во нов судир
-

Пратениците се вратија од одмор
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на иста линија со Кина
-

СДСМ: Мицкоски ја задолжува државата
-

Насилството зема замав – неопходно е работа со младите
-

Лозарите во неизвесност, вранецот без сигурен пласман
-

Привршува проценката на штети во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
