Бела куќа: Без „црвените линии“ на Трамп нема договор со Иран

Секој договор со Иран за прекин на војната американскиот претседател Доналд Трамп ќе го потпише само ако се исполнат неговите „црвени линии“, изјави синоќа функционер на Белата куќа, кратко откако состанокот во „собата за ситуации“ заврши без одлука.
Со тоа продолжува неизвесноста околу исходот од разговорите меѓу Техеран и Вашингтон, откако извори во Вашингтон завчера спомнаа прелиминарен договор со кој примирјето би се продолжило за уште 60 дена.
Но, како што пишува АФП, американскиот претседател одолговлекува, а вчера попладне одржа состанок во Белата куќа за време на кој се очекуваше да донесе „конечна одлука“ за евентуален договор со Техеран. Двочасовниот состанок, сепак, не резултираше со никакви непосредни објави.
„Иран мора да прифати дека никогаш нема да има нуклеарно оружје. Ормуската теснина мора веднаш да се отвори, а Техеран мора да се обврзе да ја исчисти од мини“, објави претседателот Трамп пред состанокот на неговата социјална мрежа Трут Соушл.
МИА
Ново на Сител
-

Шест повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Над 1000 повици од граѓани во ЦУК по невремето во Скопје
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
-

Ѓорѓиевски: Заедно со Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија сме на терен
-

Клековски: Бројот на прегледи во Гостивар се намалува, засега нема нови зарази
-

Невреме ги зафати Скопје и Куманово
-

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
