Loading Video...
Фудбал
25. April 2021 - 18:11
Барселона со пресврт славеше на гостувањето кај Вилјареал
Со двата гола на Антоа Гризман, екипата на Барселона славеше победа на гостувањето кај Вилјареал со 2-1 во натпревар од 33.коло на Ла Лига.
Иако домаќините поведоа први со голот на Нигериецот, Чуквуезе во 27-минута, сепак во продолжението следуваа два гола на Французинот, Грузман.
Само 60-тина секунди подоцна Гризман го израмни резултатот на 1:1, а во 35-минута Французинот го постигна својот втор го на мечот за водство на Барселона од 2-1, што на крајот се покажа и како конечен резултат на натпреварот.
Со новите освоени бодови Барселона го искористи киксон на Реал Мадрид кој вчеравечер одигра без голови со Бетис 0-0, по што Барселона се проби на второто место на табелата со ист број на бодови како и Реал, а два помалку од лидерот Атлетико Мадрид гостува во Билбао кај Атлетик.
Потсетување дека каталонската екипа има и еден натпревар помалку од конкурентите.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
