Барселона фаворит за потписот на Камбијасо

Дефанзивецот на Јувентус, Андреа Камбијасо (26), би можел во летниот преоден рок да ги засили редовите на Барселона, јавија денеска италијанските медиуми.
Интерес за услугите на италијанскиот репрезентативец покажува и лондонски Челзи, но според медиумските извештаи, Барселона е во предност да го обезбеди потписот на Камбијасо.
Во јануари минатата година, Манчестер Сити, исто така, беше заинтересиран, но евентуалниот трансфер пропадна поради повредата на Камбијасо и други проблеми.
Камбијасо пристигна во Јувентус во 2022 година од Џенова во трансфер вреден 15,5 милиони евра. Неговиот договор со торинскиот гигант истекува во јуни 2029 година, но Јувентус ќе мора да продаде дел од своите играчи ова лето за да обезбеди засилувања за новата сезона, откако изминатата заврши шестопласиран во италијанското првенство и не обезбеди пласман во Лигата на шампиони.
МИА
Ново на Сител
-

Западнонилска треска во Србија: Две постари лица во Белград хоспитализирани со невроинвазивна форма
-

Уапсен маж од Боговиње кој пукал на семејна веселба, а куршум оштетил покрив на куќа
-

Обвинителството поднесе жалба за Талир 2
-

Вкупно 18 пожари на отворено денеска до 18 часот, два се активни
-

Ѓорческа го предаде мечот од второто коло на турнирот во Лајпциг
-

Иран и Оман ја усогласија рамката за отворање на Ормуската Теснина
-

Уапсени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, пет од нив се малолетници
-

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 уапсени поради безобѕирно возење
