Багаи: НАТО е соучесник во „незаконската агресивна војна“ на САД и Израел против Иран

Техеран синоќа го обвини НАТО за „соучесништво“ во „незаконската агресивна војна“ на САД и Израел против Иран.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, реагираше на изјавата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте за „Фокс њуз“ дека „500 американски авиони полетале од американските бази во Италија“ за да ја поддржат заедничката израелско-американска воена операција „Епски бес“ против Иран, што почна на 28 февруари.
Руте, исто така, тврдеше дека аеродромот во Букурешт ги намалил своите комерцијални летови за да направи простор за полнење гориво на американските воени авиони. Според Руте од 4.000 до 5.000 летови на американски воени авиони биле извршени од европските базите.
– Ова е јасно и осудувачко признание за активното соучество на НАТО во нелегалната агресивна војна водена против суверена земја-членка на ОН, објави Багаи на платформата Икс.
Тој додаде дека Руте експлицитно ги идентификувал Италија и Романија како соучесници во агресијата против Иран.
– Овие земји, заедно со сите други европски земји што ја поддржаа американско-израелската агресија против Иран, мора да им објаснат на сопствениот народ и на светот зошто одлучиле да станат соучесници во овој очигледен чин на агресија и извршување на масовни злосторства против иранскиот народ, истакна Багаи.
Италија претходно ги отфрли тврдењата на генералниот секретар на НАТО дека стотици американски авиони полетале од американските бази во Италија за да поддржат воени операции против Иран, истакнувајќи оти Рим одобрил само технички и логистички летови.
МИА
Ново на Сител
-

Чадот од српските пожари го покри романскиот град Тимишоара, дадени итни здравствени препораки
-

Мајка и татко од липковско психички и физички ја малтретирале својата 18-годишна ќерка
-

Уапсен 82-годишен маж, подолго време ја тепал својата 78-годишна сопруга
-

Кривична за 68-годишник од Демир Хисар, дома чувал четири различни видови на огнено оружје и 155 куршуми
-

Просечната нето плата во јуни 48.381 денар
-

Клековски: Средствата за прскање против комарци се безбедни за луѓето и се препорачани од СЗО
-

Мицкоски: Како држава годинава се справуваме најдобро со пожарите
-

Во водите на Охридското Езеро утре ќе се одржи 39. „Охридски пливачки маратон“
