Aвтопатот Охрид - Кичево готов најдоцна следната година
Автопатот Охрид-Кичево се очекува првиот квартал најдоцна следната година да биде завршен и пуштена таа делница во употреба за граѓаните да може да ја користат истакна премиерот Мицкоски при денешната посета во Дебарца додавајќи дека оваа година за прв пат има ретка ситуација да се градат 6 автопадски делници одеднаш.
Сите населени места од Струга Дебарца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево рече заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Николоски,подвлекувајќи дека кога бил правен проектот за автопатот за жал не биле предвидени нити пристапни патишта, нити паралелни патишта, ниту клучки.
Николоски вели дека реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика и се очекува да биде готов до крајот на летото.
Со реконструкцијата, на охридскиот аеродором , практично ќе се добие еден нов аеродром со нова административна зграда и нова терминална зграда што ќе значи многу повеќе место за слетување и полетување.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
