Свет
6. September 2026 - 11:28

Автобус со студенти падна во провалија на Зеленортските Острови, најмалку 21 загинат

Тешка автобуска несреќа се случила на островот Фого, на Зеленортските Острови, каде што загинале најмалку 21 лице. Автобусот, во кој се превезувале студенти, излетал од коловозот и завршил во провалија длабока околу 30 метри.

Несреќата се случила во саботата вечерта, додека автобусот се враќал од екскурзија во Ча дас Калдеирас. Причините поради кои возилото излетало од патот засега не се познати.

Во автобусот се превезувале голем број млади лица и средношколци од Курал Гранде и Понта Верде, а меѓу загинатите е и возачот.

На местото интервенирале медицински екипи, пожарникари и припадници на цивилната заштита, додека повредените биле пренесени во регионалната болница „Сао Франциско де Асис“.

Надлежните служби продолжуваат да ги утврдуваат причините и околностите за несреќата.