Loading Video...
Фудбал
22. May 2021 - 23:14
Атлетико Мадрид е новиот шампион на Шпанија
Атлетико Мадрид е новиот шампион на Шпанија. Популарните „јорганџии“ до својата 11-та титула во Ла Лига, стигнаа со пресврт победата над Ваљадолид на гостинси терен со 2:1.
Иако домаќините кои се бореа за опстанок во елитното дружтво имаа предност по првиот дел, сепак во вториот со головите на Кореа (57) и Суарез (67) Атлетико стигна до победата со која ја потврди успешната сезона, па по пауза од седум години (2013/14) црвено-белите повторо се радуваа на шампионскиот трофеј.
Атлетико зад себе ги остави, градскиот ривал Реал, Барселона и Севилја, екипи кои ќе ја претставуваат Шпанија во Лигата на шампионите следната сезона.
Во Лигата на Европа ќе играат Сосиедад и бетис, додека Вилјареал ќе настапува во новоформираната УЕФА Конференциска Лига.
Покрај Вањадолид, во втората лига се селат Еибар и Хуеска која одигра без голови со Валенсија, а тоа го искористија фудбалерите на Елче кои со победата над Атлетик Билбао со 2-0 остануваат во Примера.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
