„АстраЗенека“ ја повлекува од пазарот во ЕУ својата вакцина против Ковид-19, неколку месеци по признавањето за нуспојави
Британско-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ објави дека ја повлекува вакцината против Ковид-19 неколку месеци откако пред судот во Лондон призна дека вакцината може да предизвика ретки и опасни несакани ефекти.
Вакцината повеќе не може да се користи во Европската унија, откако компанијата доброволно го повлече одобрението за ставање во промет. Барањето за повлекување на вакцината беше поднесено на 5 март и стапи на сила во вторник. Слични пријави ќе бидат направени во наредните месеци во Велика Британија и други земји кои ја одобриле вакцината, позната како „Вакзеврија“.
„АстраЗенека“ соопшти дека вакцината е отстранета од пазарот од комерцијални причини и дека повеќе не се произведува или испорачува, бидејќи е заменета со ажурирани вакцини кои се ефикасни против новите соеви на Ковид-19, пренесува британски „Телеграф“.
„Ваксеврија“ е под интензивна контрола во последниве месеци поради многу редок несакан ефект, кој предизвикува згрутчување на крвта и низок број на тромбоцити во крвта.
Ново на Сител
-

Сиљановска - Давкова: Се обидов со најдобра намера да воспоставам контакт со опозицијата да објаснам дека дома мора да сме едногласни
-

ОН: Мај беше најсмртоносниот месец за украинските цивили од почетокот на војната
-

Рубио му порача на својот индиски колега: Сите бродови во Ормуската Теснина мора да ги следат наредбите на САД
-

Аксиос: САД и Иран денеска на виртуелен состанок електронски го потпишуваат новото примирје
-

Зеленски: Украина е подготвена да отвори шест кластери за интеграција во ЕУ
-

ИРГК: Договор со САД денеска нема да се потпише
-

Пјонгјанг: Прашањето за денуклеаризација е „неповратно завршено“
-

Сончево, температурата до 33 степени
