Македонија
12. July 2026 - 18:35

Артилериска граната пронајдена кај битолското село Меџитлија

Артилериска граната која потекнува од Првата светска војна е пронајдена кај битолското село Меџитлија и успешно отстранета. Дирекцијата за заштита и спасување информира дека гранатата ќе биде транспортирана до армискиот полигон Криволак каде ќе биде уништена. 

- Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75 mm, што потекнува од Првата светска војна и ја транспортира до Армискиот полигон „Криволак“, каде што ќе биде уништена. Гранатата беше пронајдена при градежни работи што ги изведуваше ЈП „Стрежево“ - Битола, во атарот на село Меџитлија, Општина Битола, во близина на македонско-грчката граница.

Пријавата до ДЗС беше доставена преку бројот за итни случаи 112, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.

 

МИА