Арон Тејлор-Џонсон сè посериозен кандидат за улогата на „007“

Британскиот глумец Арон Тејлор-Џонсон сè повеќе е во центарот на вниманието како еден од главните кандидати за наследник на Даниел Крејг во улогата на Џејмс Бонд.
Иако сè уште не е официјално потврдено кој ќе ја преземе легендарната улога на тајниот агент „007“, на социјалните мрежи Арон има сè поголема јавна поддршка. Гласините за негово вклучување во серијалот траат со месеци, а сега се поткрепени и од фактот дека Тејлор-Џонсон неодамна потпиша договор со луксузниот бренд „Омега“ којшто со години е официјален добавувач на часовници за „Бонд“ филмовите. Соработката дополнително ги подгреа надежите дека Англичанецот е новиот избор на продуцентите.
Доколку ја добие оваа престижна улога, Арон го очекуваат и значителни парични придобивки. Неговиот претходник Даниел Крејг, кој ја презеде улогата во 2005 година и глумеше во шест филма, наводно заработил вкупно 100 милиони долари.
Прашан за можноста да влезе во оделото и чевлите на Бонд, глумецот кратко рече: – Навистина не е до мене, да говорам за тоа.
Тејлор-Џонсон веќе се докажа во филмската индустрија, т.е. во филмови како детската акција „Кик-ес“, „Момче за никаде“ (Nowhere Boy) и „Ерата на Ултрон“ на „Марвел“ (Marvel’s Avengers: Age of Ultron) каде што го глумеше ликот на Пјетро Максимоф, „Ловецот Крејвен“ (Kraven the hunter)…
Иако се натпреварува со имиња како Тео Џејмс и Хенри Кавил, претходната работа на Арон, харизмата и зголеменото присуство во медиумите му носат сериозна шанса да стане новото лице на светски познатиот шпион.
Ново на Сител
-

Велигденските празници го наполнија Охрид
-

Екипажот на „Артемис“ вечерва се враќа на Земјата: критичен момент при влез во атмосферата
-

Пациентите со дијабетес алармираат за недостиг од терапија и сензори
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Велигденски поскапувања
-

Цените на нафтата повторно растат, Иран обвини дека договорот за примирје не се почитува
-

Израелските напади на Либан го загрозуваат примирјето меѓу САД и Иран
-

Инспекција не стигнала до „Пулс“ пред трагедијата, објектот бил затворен, новата фирма без надзор
