Loading Video...
Фудбал
4. July 2021 - 10:59

Аргентина и Колумбија е второто полуфинале на Копа Америка

На Јужноамериканскиот фудбалско првенство популарната Копа Америка познат е вториот пар за полуфиналето. 
 
Репрезентациите на Аргентина и Колумбија, ќе играат во вториот натпревар од полуфиналето на Копа Америка.
 
Аргентина во четвртфиналето беше подобра од Еквадор со 3:0. 
 
Брилијантен настап имаше Лионел Месе кој беше асистент при постигнувањето на првиот гол на де Паул во 40-тата и вториот на Мартинез во 84-минута. Во самиот финиш на натпреварот односно 93-тата минута Меси со прекрасен гол од слободен удар само го потврди својот брилијантен настап и пласмано на „гаучосите“ меѓу четирите најдобри. 
 
Колумбија пак место во полуфиналето обезбеди по подоброто изведување на пенали во дуелот против Уругвај меч на кој по 120-минути игра немаше голови, а во пенал серијата колумбијците реализираа четири наспроти двата погодока на Уругвајците па со конечни 4:2 славе победа и полуфинале ќе се игра во среда (7 јули) наутро во 2 часот по полноќ во Бразилија.
 
Во првото полуфинале закажано вторник (2 часот) во Рио Де Женеиро, а кое практично е реприза на финалето од пред две години ќе играат бранителот на тофејот Бразил и селекцијата на Перу.