-->
-->
АО: Шаповалов го елиминира Зверев и ќе игра со Надал
-->

Канаѓанецот Денис Шаповалов со 6:3/7:6(5)/6:3 го совлада третиот носител на Астралија опен, Александер Зверев за да закаже пресметка со првиот фаворит Рафаел Надал во четврт-финалето на првиот гренд слем од сезоната, откако Надал се намачи во првиот сет од час и 20 минути, пред со 7:6(16:14)/6:2/6:2 да го совлада Французинот Адријан Манарино.
Надал и Манарино одиграа неверојатен прв сет, и во тај-брејкот имаа повеќе сет-топки, за на крај Шпанецот да го добие со 16:14 по 28 минути и 40 секунди игра само во тај-брејкот. Ова е 14. четврт-финале во Мелбурн за Надал, шампионот од 2009 година и финалистот од 2012, 2014, 2017 и 2019 година.
Шаповалов пак, ги искористи проблемите на Зверев на жештината во Мелбурн за својата најголема победа во кариерата.
„Секогаш е чест да се игра против тенисер како Рафа. Знам дека ќе имам тешка битка против него, но верувајте, ќе уживам“, изјави 22-годишниот Канаѓанец.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
-

Марш за Скопје без бариери
-

Угостителите на удар од инспекторите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика
-

Процесот на проширување на ЕУ ќе остане заснован на заслуги и веродостојни реформи
-

Што нуди новиот нон-пејпер за Македонија?
-

Рокас: Обврските од 2022 мора да се исполнат
