-->
-->
AO: Мухова ја елиминира првата носителка Барти
-->

Каролина Мухова приреди едно од најголемите изненадување на годинешното издание на Австралија опен. Тенисерката од Чешка во четврт-финалето со пресврт успеа да ја елиминира светската број 1, Ешли Барти.
Мухова славеше во три сета со 1/6, 6/3, 6/2 за 111 минути игра. Во полуфиналето Мухова ќе игра против Американката Џенифер Брејди.
До првото гренд слем полуфинале Мухова дојде на импресивен начин кога за 25 минути го загуби првиот сет, во кој освои само еден гем. Во првиот сет Мухова направи само еден винер и имаше 18 неизнудени грешки.
На почетокот од вториот сет таа побара медицински тајм-аут, кој траеше речиси 10 минути. Медицинските лица ѝ ги мереа пулсот и телесната температура. Потоа таа се врати на теренот и почна да игра многу подобро, а нејзината противничка правеше грешки во серија. Барти на крајот имаше 37 неизнудени грешки.
Мухова, 27. на ВТА-листата, во еден момент осови осум од девет гема.
Ова е нејзина втора победа над тенисерка од топ-5, а во сингл има само една титула во кариерата.
Мухова во полуфиналето ќе игра против 24. на ВТА-листата, Американката Џенифер Брејјди.
И Брејдо до најголемиот успех во кариерата дојде со пресврт во дуелот со сонародничката Џесика Пегула. Брејди победи со 4/6, 6/2, 6/1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сител сторија: Како изгледа новиот систем на ЦУК за рана детекција на пожари?
-

Филипче: Да ги задржиме младите дома
-

Мицкоски: Да најдеме начин како да го зголемиме гласањето на дијаспората
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на Владата
-

Кривични пријави за насилните девојчиња во Аеродром и за родителите – дали се потребни построги казни?
-

Власта и опозицијата остануваат на спротивни позиции околу гласањето на дијаспората
-

„Еуроњуз“: ЕУ пренасочува повеќе пари кон Македонија, Црна Гора и Албанија за завршените реформи
-

ДНК и отпечатоци на судијата Ристов најдени на фолиите со 350.000 евра
