Антарктички глечер со најбрзо повлекување во современата историја

Според тимот научници, предводени од Универзитетот на Болдер, Колорадо, САД, речиси 50 отсто од глечерот се распаднал во текот на два месеци. До откритието истражувачите дошле по анализа на геофизички податоци и сателитски снимки. Така, мразот се повлекол за околу 25 км меѓу јануари 2022. и март 2023 година. Членот на тимот, Тед Скамбос смета дека повлекувањето на глечерот „е малку шокантно“, пренесува ДПА.
- Ваквото брзо повлекување навистина го менува она што е можно за други, поголеми глечери на континентот. Ако истите услови се постават во некои други области, тоа би можело значително да го забрза покачувањето на нивото на морето (околу Антарктикот), додаде Скамбос.
Подлогата на рамна карпа на глечерот му овозможила да лебди и откако тој значително и брзо се истенчил.
- Кога прелетавме над Хекторија на почетокот на 2024 година, не можев да верувам колку огромен дел се урива, рече водечката авторка Наоми Очват.
- Ги видов фјордот и битните планински одлики на сателитските снимки, но тоа што го видов таму - ме вџаши.
Таа вели дека користењето сателитски податоци од страна на тимот истражувачи во различни временски точки било клучно за откривање на брзината на топењето.
МИА
Ново на Сител
-

Универзитетите и Владата единствени за новото законско решение за високото образование
-

Специјализација за интерна и општа хирургија од новата академска година
-

Протест на културните работници
-

Петиција да се забранат социјалните мрежи за деца под 12 години во Македонија
-

Европските аеродроми бараат флексибилност во функционирањето на системот за влез/излез
-

Преглед на вестите од светот
-

Ниту еден сведок не дојде на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Ректорите на сите државни универзитети дадоа поддршка за новиот закон за високо образование
