Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден

Мирисот на чад што се чувствува во некои делови од Скопје, доаѓа од пожарот што се одвива на планината Жеден некаде во атарот на селото Бојане, пожар што од тетовска страна сега полека се префрла кон скопска страна. Пожарот е на тешко пристапен терен, соопшти попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов преку видео-порака.
Тој додаде дека како поддршка на скопските пожарникари, во гаснење на пожарот се вклучени и колеги од Тетово.
- Очекувам во попладневните часови да биде воспоставена контрола врз овој пожар, тежок за гасење - додаде Ангелов во изјавата.
Од ЦУК претходно изјавија дека зачаденоста што попладнево е забележлива во Скопје е од ветерот што го носи чадот од пожарот што гори на Китка во општините Студеничани и Зелениково, а на кој денеска дејствувал хеликоптер на МВР - информираа од ЦУК.
МИА
Ново на Сител
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за избори, државната каса е празна
-

Македонските превозници најавија протест пред делегацијата на ЕУ на 31 август
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-

Македонија гори и денеска - на Бигла гори борова шума
-

Македонија има најмногу заболени од западнонилска треска на милион жители во Европа
-

Септемвриските пензии ќе се зголемат за 3%
-

Реакции по изјавата на Jотова: „Немаме што да делиме со Македонија затоа што историјата ни е заедничка”
