Македонија
20. August 2026 - 18:01

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар - водата е чиста и безбедна за пиење

Според последните анализи, водата во Гостивар е чиста и безбедна за пиење, а синоќа на полноќ истече и триесетдневната кризна состојба на територијата на општината, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

-Со истекувањето на кризната состојба, институциите од централната власт, вклучително и ЈП Водовод од Скопје се повлекуваат од контрола на квалитетот на водата. На ред е локалната власт, локалната самоуправа да се погрижи гостиварчани понатаму да пијат чиста и безбедна вода, рече Ангелов.

Кризната состојба во Општина Гостивар беше прогласена страна на Владата на 20 јули, поради загадување на водата за пиење и неможноста на локалната самоуправа да се справи со настанатата состојба и епидемијата што погоди неколку илјади граѓани.

 

МИА