Ангелов: Активни се шест пожари на отворен простор, најкомплексен е пожарот кај Рамно во Општина Чучер Сандево

Опасноста од пожари и натаму е висока, а во моментов во државата има шест активни пожари на отворен простор, од кои неколку се посложени за гаснење, најкомплексен во моментов е пожарот во реонот Рамно на територијата на Општина Чучер Сандево, каде гори ниска вегетација, папрат, трева и грмушки, а на одредени места огнот зафаќа и шумска подлога - истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.
– Пожарот се движи по земјата и ја зафаќа лисната и тревната подлога, поради што се создаваат големи количини чад. Силниот ветер го насочува чадот кон Скопје и околните населени места на падините на Скопска Црна Гора -истакна Ангелов.
На терен интервенираат скопски пожарникари, неколку огнени тимови на ДЗС, припадници на Армијата, како и полициски хеликоптер кој дејствува на критичните точки со цел да се спречи ширењето на пожарот.
Тој информира дека во текот на вчерашниот ден биле регистрирани повеќе од 30 пожари на отворен простор, од кои најголемиот дел се изгаснати благодарение на интервенциите на пожарникарите и останатите служби ангажирани во справувањето со огнените стихии.
Активен останува и пожарот над селата Грачани и Никиштане, кој се спушта кон Лепенец, но со намален интензитет и, како што рече, денеска се очекува да биде ставен под целосна контрола.
Повторно се активирал и пожарот на подрачјето меѓу Струга и Дебар, во атарите на повеќе села, каде интервенираат струшките пожарникари.
Активни пожари има и во атарот на селото Тајмиште во Општина Кичево и кај селото Белица во Општина Македонски Брод, каде теренот е исклучително тежок и непристапен.
Директорот на ДЗС упати апел до граѓаните да бидат крајно внимателни.
– За денеска се најавени високи температури и засилен ветер. Доволна е само една искра за да предизвика сериозна катастрофа, затоа апелирам до сите граѓани одговорно да се однесуваат и да избегнуваат активности што можат да предизвикаат пожар - порача Ангелов.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Ја спасив Велика Британија од нуклеарен напад со започнувањето на војната со Иран
-

Сончево и топло со температура до 33 степени
-

Фицо ги исмева барањата на Киев за дополнителни средства
-

Maкедонија за првпат ангажира воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата
-

Лукровски: Карпош, ова беше наше лето, над 20 000 посетители на програмските содржини
-

Трамп: САД ќе побараат од Европа да ги надомести трошоците за воената помош за Украина
-

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани
-

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација
