Македонија
24. September 2023 - 16:34

Анализа: Избори се ближат, но дали ќе бидат редовни или вонредни ќе зависи од гласањето за уставните измени

Со тврдите ставови на власта и опозицијата Македонија се движи кон ново изборно соочување, но дали тоа ќе биде во редовниот термин или пак предвремени ќе зависи од случувањата во ВМРО-ДПМНЕ, коментираат познавачите.

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски за Сител вели дека без политички договор не може да се очекуваат предвремени избори. 

Според Арсовски, уставни измени се можни до крајот на скринингот во ноември, но доколку пратеници на опозицијата дадат поддршка за менувањето на највисокиот правен акт

Додека власта на средби со странските претставници тврди дека процесот на менување на Уставот ќе биде успешно завршен, опозицијата не отстапува од цврстите ставови дека нема да дозволат уставни измени во вакви услови.