Американската војска соопшти дека ги обновила нападите врз цели во Иран

Американската војска денеска соопшти дека почнала нов бран напади против Иран.
Американската централна воена команда одговорна за регионот (Центком) објави на X дека нападите почнале во 19:30 часот по локално време во Техеран (16:00 часот по Гринич) и биле насочени против цели кои ѝ припаѓаат на Иранската револуционерна гарда во внатрешноста на земјата.
Нападите се одговор на неодамнешните обиди на Револуционерната гарда да ги нападне трговските бродови во Ормуската Теснина и американските трупи стационирани во регионот, соопшти Центком.
Конфликтот во Заливот воено ескалираше за време на викендот за првпат по неколку недели, со меѓусебни напади.
Центком во неделата информира дека извршила ограничени, таргетирани напади против единиците за поставување поморски мини на Иранската револуционерна гарда.
Иран одговори со напади врз две американски воени бази во Јордан. Според извештаите од Јордан, иранските ракети биле пресретнати.
MИА
Ново на Сител
-

ЦУК: Од 1 јуни до 31 август регистрирани 1.696 пожари на отворен простор
-

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали
-

Сопругата на Меси: Нашите деца го видоа нивниот татко како никогаш не се откажува и како го крева трофејот на Светското првенство
-

Мицкоски: Обезбедени се бесплатни учебници во сите училишта во државата, Владата инвестира во децата
-

Тошковски: По 30 години во Македонија повторно имаме државно Средно полициско училиште
-

Мицкоски: Не гледам криза во Собранието која би предизвикала предвремени избори
-

39 годишник пронајден починат во дворот на битолската болница
-

КЗК го преиспитува новововедениот режим за користење на зоната „Hug & Fly“ за возила на Меѓународниот аеродром Скопје
