Алонсо: Гарсија е совршен пример за тоа што значи да се биде производ на академијата на Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, го пофали напаѓачот Гонзало Гарсија.
Гарсија постигна хет-трик вчеравечер во победата од 5:1 дома над Бетис во 18. коло од шпанската Ла Лига.
-Гонзало одигра натпревар од соништата – постигна хет-трик на „Бернабеу“ во својата прва сезона. Навистина сакаше да постигне гол… Неверојатно сум среќен за него, за неговата секојдневна работа, за неговиот импресивен став, и кога игра и кога не игра. Тој е совршен пример за тоа што значи да се биде производ на академијата на Реал Мадрид. Му честитам топло, ја заслужи оваа шанса. И го охрабрувам да продолжи со добрата работа, рече шпанскиот тренер на прес-конференција.
Во сезоната 2025/26, 21-годишниот Шпанец Гарсија постигна три гола и има една асистенција на 18 натпревари во сите натпреварувања.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
-

Поништени студиите на 11 студенти од Филозофскиот факултет
