Алијанса за Албанците: Печатот е кај Таравари
Таравари го претрка Села и за вечерва закажа партиски конгрес.
Актуелниот претседател на партијата вечерва ќе го разрешува Села од предводник на париското собрание, а Села пак во недела ќе го разрешува Таравари од претседателската функција.
Крилото на Таравари денеска обвини за низа прекршувања на партискиот статут на седницата на Собранието која се одржа минатиот викенд. Велат дека одлуките се нелегитимни бидејќи не присуствувале доволен број на членови, со оглед дека според нив Таравари ја има поддршката од најголем број од партиското членство.
Пред вас ги имам изјавите дадени во нотар од 70 членови кои изјавуваат дека не учествувале на Собранието одржано на 10 февруари годинава. Со ова можеме да заклучиме дека Собранието одржано на 10 февруари немаше доволно 2/3 да се свика Конгресот на 18 февруари, а собранието одржано на 10 февруари немаше ниту половина од членовите, така што Собранието е нелегитимно", рече правниот застапник на Алијанса за Албанците, Абидин Абдули.
Кај нас е печатото.... Вели Алиу
Денеска бевме сведоци на уште еден апсурд од свој вид, возвратија од крилото на Села.
Двајца поранешни владини функционери и еден поранешен член, ниту еден од нив партиски функционер, ниту член на Собрание, се обидоа да го оспорат законското право на дејствување на претседателот на Собранието, на пратениците и на сите членови и функционери избрани од легитимните партиски тела. Се што кажаа е невистинито и обид за манипулација, се вели во соопштението
сепак неизвесно останувца дали по вечерашниот, но и конгресот кој е закажан за во недела ќе биде познато кој ќе ја задржи партијата или спорот Алијанса сепак ќе мора да го решава во судска постапка.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
