Македонија
4. February 2024 - 16:42

Алијанса поделена за тоа како ќе оди на изборите - Таравари и Села чекаат состанок на партиското собрание

Молк во Алијанса на Албанците по синоќешните поделби меѓу лидерот Таравари и групата на претходникот Села и генералниот секретар Лога за тоа дали партијата на изборите ќе оди заедно со албанската опозиција или пак, ќе има самостоен настап.

Конечните одлуки треба да бидат донесени на централното Собрание со кое раководи Села, а на кое се повика и Таравари. Партискиот состанок се уште не е закажан, но се очекува тој да се одржи неделава. Неизвесно е дали на него како точка на дневен ред ќе се најде одлуката на Таравари Алијанса на изборите да оди заедно со блокот на Меџити, Гаши и Касами или пак, на потврда ќе биде ставена само претходната одлука на Претседателството за свои листи.

И додека во Алијанса кулминираат состојбите, двата блока во албанскиот табор, едниот на опозицијата, а другиот на ДУИ - ги поздравуваат различните ставови на челниците на партијата. Меџити јавно напиша дека по одлуката на Таравари духот на единството ќе ја донесе дологоочекуваната победа. Во ДУИ,пак, неофицијално толкуваат дека притисoкот на крилото на Села и Лога за самостоен настап отвора се уште простор до изборите за договор со нив.
Ковачевски пак, кој вушност ја почна приказната за проевропски блок на изборите со актулената владината коалиција денеска вели дека секоја партија има право на своја одлука.

Првиот вицепремиер Маричиќ пак, вели дека евентуалната одлука на Алијанса на изборите да оди на заеднички листи со Европскиот сојуз за промени не го загрозува функицнирањето на техничката влада.

Таравари ја донесе одлуката откако измантиве 10 дена имаше интензивни средби со сите страни. Тој завчера наводно се сретнал со Ахмети и со Џафери од кои добил сериозна понуда. Ден претходно се сретна и со Ковачевски. Минатиот викенд пак, во посредство на косовскиот премиер Курти се сретна со Меџити, Гаши и Касами. Падна и понуда за претседателски акндидат, но тој јавно ја одби. Лидерот на Алијнаса за Сител вчера тврдеше дека е во секојдневна комуникација со неговиот претходник Села. Села, пак, во фејсбук статус тврди дека воопшто не бил известен од таравари за понудата од опозцискиот блок.