Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска за нов претседател го избра Александар Стефанов, давајќи му доверба на досегашниот член на Управниот одбор да го води македонскиот ракомет во следните четири години.
Стефанов беше избран за прв човек на РФМ со акламација на редовното изборно Собрание во Скопје како единствен кандидат, на местото на долгогодишниот претседател на РФМ Живко Мукаетов.
„Во ракометот сум 26 години, како поранешен играч и дел од РК Бутел. За мене ракометот беше и ќе остане најголема пасија и мотив да продолжиме да го унапредуваме и промовираме макеоднскиот ракомет“, истакна по изборот Стефановот во иднина
Смената на претседателското место доаѓа, откако Мукаетов се повлече од должноста која со голем успех ја извршуваше изминатите 12 години во кои ги крена стандардите на клупскиот и репрезентативен ракомет во Македонија.
„За 12 години, колку што траеше мандатот на оваа раководна гарнитура, не само што успеавме да го реализираме зацртаното, туку патем, се справивме и со бројни предизвици на кои им посветувавме должно внимание, со цел македонскиот ракомет да функционира на завидно ниво“, порача Мукаетов.
Ново на Сител
-

Приведени пет турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој
-

Под седиштата и во фабричка шуплина на автобус шверцувале пури во вредност од 4.000 евра
-

Девизните резерви 5,21 милијарда евра
-

Завршува учебната, основците и средношколците одат на летен распуст
-

Интерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски пред пратениците
-

Вашингтон ги повика европските земји да воведат ограничувања за патувања поради еболата
-

ЕУ предлага пакет поддршка за земјоделците погодени од трошоците за ѓубрива
-

Украина изврши нови напади врз Москва и повеќе руски региони
