Албански археолози открија гроб на римски големец близу македонската граница

Археолозите во Албанија открија голема римска гробница што датира од 3. или 4. век н.е. - прва од ваков вид пронајдена во балканската земја којашто некогаш била дел од Римското Царство.
Откако мештани дојавија за необични камења што почнале да се појавуваат во местото близу македонската граница, вработените во Институтот за археологија почнаа со ископување на почетокот на август. Во гробницата со димензии 9х6 метри, според стручњаците, бил закопан богат и виден граѓанин на Римската Империја, и тоа „повеличествено од другите погребни места“ пронајдени во областа.
Властите во Албанија, каде што туризмот е во подем, веќе планираат да го претворат ова место во туристичка атракција.
-Натписот ни говори оти лицето погребано тука го носел името Гелијано - име типично за римската ера. Не сме сигурни за името на второто лице, но веројатно е член на семејството, изјави водечкиот и одговорен археолог, Ериксон Николи.
Притоа, откриени се подземна структура и големи варовнички плочи со натписи со хеленски букви.
-Исто така, откривме парче ткаенина извезено со златен конец, што го потврдува нашето верување дека тука се работи за член на горната класа... Меѓу другите наоди има и стаклени чинии и ножеви. Но, гробницата била ограбена најмалку двапати - еднаш во антиката и подоцна кога била употребена тешка машинерија за да се премести масивна карпа до врвот на подземната градба, додаде Николи.
Тој објасни дека иако името на погребаниот е напишано со хеленски букви, станува збор за латинско лично име. А, друг натпис, пак, укажува и дека гробницата е посветена на римско-латинскиот бог Јупитер.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски за најавените преговори на ЕУ со Украина и Молдавија: Опозицијата во овие две земји не работи против своите граѓани и влади
-

Мицкоски: За две години имаме исплатено една милијарда денари повеќе субвенции отколку претходната за три години
-

Лани изградени 3 733 станови, со просечна површина од 75 метри квадратни
-

До крајот на неделава сончево, повремено со дожд и температура до 36 степени
-

СДСМ: Власта донесе катастрофа во земјоделството
-

Од денеска специјална лента само за МТАГ
-

Моника Белучи: Не вреди убавината доколку нема талент за глума
-

САД и Иран постигнаа договор за крај на војната, нафтата падна под 84 долари
