Албанската влада ќе ги обнови опожарените куќи, а ќе ги обештети и земјоделците

Албанскиот премиер Еди Рама најави дека владата ќе ги обнови опожарените и изгорени куќи а сите земјоделците кои го загубиле добиток во пожарите исто така ќе бидат обештетени.
„Никој нема да биде оставен сам и без поддршка од владата и од државата за да се врати во подобар дом и да добие соодветна отштета за изгубениот добиток. Кој и да го изгубил својот дом, ќе го обновиме бесплатно, кој и да изгубил добиток, ќе го рефинансираме еден по еден“, вети Рама во директна комуникација на Фејсбук.
Проценката и надоместокот на штетите предизвикани од пожарите ќе се спроведуваат во секоја засегната општина, според посебна постапка, која започнува со нивна идентификација од страна на тимовите за попис и проценка на штетите формирани од општините.
Тимовите, кои веднаш ќе бидат испратени на терен, ќе вршат попис на штетите врз куќите и други објекти, инфраструктурата, бизнисите, земјоделските култури и механизација, и пополнуваат обрасци со финансиски трошоци.
Потоа, општините ќе подготват списоци на оштетени субјекти и соодветна документација и по финансиската проценка на секоја општина, се утврдуваат трошоците за обештетување, кои се спроведуваат од средствата на засегнатата општина, преку фондот за цивилна заштита.
Според груба проценка оштетени се над 220 куќи, околу 50 целосно изгорени, неколку стотина пчелни сандаци, маслинови насади, како и над три илјади ситен и крупен добиток.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
-

Сејф Сити во секој град до крајот на годината
-

Струјата нема да поскапи, се разгледува опцијата за пониско ДДВ кај храната
