Активни пожарите во Мариовско и општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила

Изутринава во земјава има пет активни пожари и тоа во Мариово (село Чаниште, крак кон Црна Река и крак кон село Орле, во општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила. Пожарот во депонијата во Општина Делчево е ставен под контрола. а изгаснати се 31 пожар.
Центарот за управување со кризи информира дека во изминатото деноноќие (19/20.08.2026 година) до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а 31 пожар се изгаснати.
Активни пожари:
Општина Прилеп: с. Чаниште – крак кон с. Крушевица – с. Лопатица, крак кон Црна Река и крак кон с. Орле, Општина Новаци (ниска вегетација).
Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума).
Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки).
Општина Кичево: с. Тајмиште, м.в. Дарда (високостеблеста букова шума).
Општина Могила: с. Мојно (ниска вегетација).
Пожар под контрола:
Општина Делчево: Делчево (депонија).
Изгаснати пожари:
Општина Сарај: с. Рашче (ниска вегетација и мешана шума), с. Раовиќ (ѓубре), с. Семениште (шума и ниска вегетација), с. Грчец (ниска вегетација), с. Радуша (ниска вегетација), с. Раовиќ (ниска вегетација).
Општина Битола: с. Кременица (ниска вегетација).
Општина Струмица: ул. Ристо Ќурчиев (ниска вегетација и ѓубре).
Општина Велес: с. Раштани (сува трева и трња), с. Војница (сува трева).
Општина Охрид: депонија Буково (ѓубре).
Општина Дебрца: с. Мешеишта (ниска вегетација).
Општина Гевгелија: с. Прдејци – с. Смоквица (сува трева, трња и напуштени ниви).
Општина Кичево: с. Горно Строгомиште (стрниште).
Општина Јегуновце: с. Копанце (мешана шума).
Општина Тетово: ул. 146 во Тетово (ниска вегетација).
Општина Теарце: с. Непроштено (депонија).
Општина Гостивар: с. Тумчевиште (ниска вегетација и багрем), с. Ѓоновица – с. Симница (ниска вегетација и грмушки).
Општина Куманово: с. Орашац (ниска вегетација), с. Лопате (ниска вегетација и ѓубре).
Општина Липково: с. Ваксинце (ниска вегетација), с. Опае (ниска вегетација).
Општина Желино: с. Стримница (ниска вегетација).
Општина Кочани: с. Мојанци (стрниште), Спомен дом АСНОМ (ѓубриште).
Општина Струга: Ново Село (стрниште и ниска вегетација).
Општина Зелениково: на пат за с. Градовци (ниска вегетација и мешана шума), с. Добрино (ниска вегетација).
Општина Арачиново: с. Орланци (ниска вегетација).
Општина Крушево: с. Јакреново (ниска вегетација).
МИА
Ново на Сител
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“
-

ЦУК: До 18 часот осум активни пожари и три под контрола
-

Десетици пожари беснеат во Србија, едно лице загина, ветерот го отежнува гаснењето
-

Во Скопје на 20 и 21 август авионска, а од 23 до 26 август терестична дезинсекција против комарци
-

Ангелов: Сѐ уште активен пожарот кај прилепското село Чаниште, не загрозува некое село
-

Клековски: Формирана комисија за надзор над случајот со родилката во Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци
-

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино
-

Кокаин во допинг-тестот на Кирјос
