Акиевска и Илиевски најдобри македонски спортисти во 2023

Македонската бодибилдерка Мери Акиевска во женска и кикбоксерот Бобан Илиевски во машка конкуренција ги освоија признанијата на традиционалниот, 69. по ред, „Избор на спортисти на годината“ што вечерва заеднички го организираа Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Сојузот на спортски федерации.
Наградата за најдобар македонски спортист во годината која изминува Илиевски ја заслужи со освоениот златен медал на Светското првенство во Португалија во категоријата лоукик до 86 килограми.
- Повеќе од десет години ми беа потребни за да станам светски првак. Ветувам дека и во иднина ќе ја претставувам Македонија во најдобро светло на најголемите светски натпреварувања, порача Илиевски.
Во женска конкуренција, Акиевска со освоениот златен медал на Светското првенство во Шпанија, го повтори успехот од 2021 кога, исто така, беше прогласена за македонска спортистка на годината.
Избор на спортисти на годината:
Спортист на годината: Бобан Илиевски кикбокс
Спортистка на годината: Мери Акиевска фитнес и боди билдинг
Најуспешна национална спортска федерација: Одбојкарска федерација на Македонија
Најуспешен тренер/селектор: Дејан Мирковски – Кикбокс Маитаи
Најуспешен машки национален тим: Македонската сениорска одбојкарска репрезентација
Најуспешен женски национален тим: Македонската сениорска ракометна репрезентација
Млад спортист на годината: Витомир Трајковски – карате
Млада спортистка на годината: Милијана Релиќ – таеквондо
Најуспешен спортист со инвалидитет: Андреј Стојановски – пливање
Најуспешна спортска универзитетска екипа: Машки карате тим од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје
Најуспешен училишен спортски клуб од средните училишта: УСК СОУ „Никола Карев“ од Скопје
Најуспешен училишен спортски клуб од основните училишта: ОУ „Свети Климент Охридски“ од Битола.
Благодарница за „Спорт клуб ТВ“, „Спорт клуб Нетворк“ и Продукција Белград за документарниот филм „Патот на Кобра до ѕвездите“ посветен на животот и кариерата на легендата на македонскиот фудбал.
Ново на Сител
-

Ноќеска во Виница трето терестичко прскање против комарци
-

Кривична за вработен во банка во Гевгелија, од сметки на двајца корисници присвоил околу 5 милиони денари и над 63 илјади евра
-

Франција воведе право за асистирано умирање
-

Фајненшл тајмс: Иран размислува за напади врз американски цели во Европа во случај на понатамошна ескалација
-

Извршени 427 увиди на објекти погодени од пожарите во Грција – повеќе од половина несоодветни за употреба
-

Трамп привремено го одложи воведувањето царини од 50 отсто за одредена стока од Канада
-

Двајца турски државјани со закани присилувале гостиварци на финансиски дејствија на сопствена штета
-

Се подобрува состојбата со пожарите во Албанија
