Акциски контроли во сообраќајот во Куманово и Тетово, изречени се 114 санкции, приведени се седум лица

На 13.06.2026 во периодот од 17:00 до 23:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола во сообраќајот на подрачјата на Куманово и Тетово со цел санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата во Куманово изречени се вкупно 43 мерки за сторени сообраќајни прекршоци и кривични дела. Од нив 28 мерки за возачи кои управуваат мотоцикл без кацига, две мерки за управување мотоцикл со несоодветна категорија, една мерка за измината важност на сообраќајната дозвола на мотоцикл, една мерка за истечена полиса за осигурување, една мерка за неистакната регистарска таблица, две мерки за други прекршоци сторени од возачи на мотоцикли и четири мерки за останати прекршоци во сообраќајот. Исто така, при контролата откриени се четири кривични дела, од кои два сторители се малолетници. Сторителите се лишени од слобода по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, а одземени три мотоцикли и едно патничко моторно возило.
При контролата во Тетово изречени се вкупно 71 мерка за сторени сообраќајни прекршоци и кривични дела. Од нив 40 мерки за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитен шлем (кацига), четири мерки за возачи на електрични тротинети, три мерки за неистакната регистарска таблица, две мерки за измината важност на сообраќајната дозвола на мотоцикл, една мерка за измината полиса за осигурување, 16 мерки за други прекршоци сторени од возачи на мотоцикли и две мерки за останати прекршоци во сообраќајот. Исто така, откриени се три кривични дела, а сторителите се лишени од слобода за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, при што се одземени три мотоцикли.
Ново на Сител
-

Во Струга на ,,Машка плажа“ пронајдено безживотно тело на 20-годишник од село Октиси
-

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на дипломатски возила во близина на Амбасадата на Бугарија
-

Хорор во Тетово: Жена го тепала и удирала од асфалт своето тримесечно бебе
-

Запалени две возила со дипломатски таблички пред Бугарската амбасада | ФОТО
-

Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер „Брејнчајлд“ во Битола
-

Во Србија приведен лажен лекар од Македонија
-

Горивата поскапуваат од половина до два денари
-

Голем успех: Елена Наумова освои втора награда и награда за најдобра композиција на „Балкан Фест“ во Бања Лука
